Под притисок од околината – Што во тие ситуации?

притисок

Ве притискаат да пораснете, ве притискаат да бидете паметни, да имате свој дом, да најдите работа. Да стапите во брак, имате деца, да немате. Ве притискаат да се разведите! Да заминете! Да останете! Ви вршат притисок да градите кариера, да имате пари, да не трошите. Ве притискаат да се опуштите… Премногу сте штеделе… Чувствувате притисок за да се соочувате со вашите проблеми… Да бидете храбри, да не се откажувате. Ве притискаат да се откажете, ви велат дека е доста! Ви докажуваат дека не сте во право, дека вашиот свет е нешто наопаку, една земја превртена со главата надолу која никогаш не знае да се снајде. Треба вака, треба така, треба да го направиш ова, како можеше да погрешиш! Побрзо! Можеш! Но, зошто…?

Што кога сме под притисок и како да „одолееме“ на нивната наметливост?

притисок од околината

Лично, она што се вика дефокус е клучниот термин за бегство од оваа спрега. Од овој теснец и клаустофобичен момент, кој верувам дека се доживува како некоја „балканска сензација“ што мора да се пренесува од генерации на генерации. А мора ли?

Од друга страна, веруваме дека во светот е поинаку, дека таму некаде има некоја слободоумност, дека никој не ја обвинува вашата немоќ, морал, вредност, ја почитува вашата желба. Но, веројатно не е така. Доколку светот би бил поинаков, можеби ќе настапи некаква анархија…

Доколку светот не е овој, кој ќе бидам тогаш јас? Би вршел ли јас тогаш притисок врз некого?

Како социјални суштетсва дали ја имаме токму таа потреба да обвинуваме некого и да наметнуваме став, понекогаш без или едвај да спознаеме?

Би постоеле ли инг и јанг, добро и лошо, позитивни и негативни емоции? На крај, како би знаеле што е убаво расположение, ако не би го знаеле лошото? Треба ли понекогаш да погрешиме за да знаеме што е правилно? Дали можеби притисокот е прашање на избор?

Притисокот е неминовен баланс, како и сите останати „минус“ афирмации упатени кон вас, но како му враќате вие „нему“?

Не бидете дрски кон светот и заборавете на гневот. Не знаеме кој е инг, а кој е јанг во сите приказни. Кој совет е правилен, а кој не. Што е она што треба да го послушате? Себе си. Излезете надвор од мисловното, урбаното, комфорот од т.н.совети каде сите ви мудруваат, а вие со наведната глава прифаќате.

На пример кога едно дете е луто и гневно кон ќошот од масата што „го повредило“, единствено нешто што треба да се направи за да поминат солзите, викотниците, па дури и тантрумите е она што го нарекуваме дефокусирање. Или заборавање на проблемот со фокус коне нешто друго. Друга играчка, друга ситуација. Поставете прашање. Преместете го презентот во утре и зборувајте каде ќе одите.

Така, вие сте оние кои одлучуваат на што точно да го потенцирате вашиот фокус. Вие мислите, вие правите, вие делувате со реакција на нивната акција.

Што ќе биде, понатаму, само од вас зависи. Искористете го притисокот и мудрувањата од другите како опција.