Плачеле на сетот и едвај ја снимиле сцената – Монологот од „Барби“ ја претставува скоро секоја жена

жена

Монологот од филмот Барби кој секоја жена треба да го слушне со причина!

Филмот за најпознатата кукла на светот, Барби постигна светска популарност за рекорно време. Според критичарите ширум светот, Маргот Роби брилијантно ја одигра улогата, рушејќи рекорди на светскиот бокс офис. Имено Маргот инспирира и многу жени, ако има само еден момент од филмот, кој навистина ги допре срцата на сите гледачи, тоа е секако монологот што актерката Америка Ферера го изговара кон крајот на филмот.

барби жена монолог

Обидувајќи се да ја утеши Барби, која западна во егзистенцијална криза, монологот зборува за тоа што значи да се биде жена во Америка (и добар дел од западниот свет).

Првата верзија на монологот ја напишала самата режисерка, но се зборува дека Грета и Ферера доста се труделе околу истиот и со месеци го усовршувале. Интересно е што монологот бил снимен повеќе од 30 пати пред режисерот да биде задоволен од резултатот. Сите на сетот леле солзи, дури и мажите. Маргот Роби била толку погодена од овие зборови што не можела да престане да плаче.

Крајниот ефект, навистина „експлодира“ низ етерот и еве за што зборува тој.

„Невозможно е да се биде жена. Толку си убава и толку паметна, но те убива тоа што мислиш дека не си доволно добрa. Како и секогаш, мораме да бидеме исклучителни, но некако секогаш го правиме тоа погрешно.

Мора да бидеме слаби, но не премногу слаби. И никогаш не смееме да кажеме дека сакаме да бидеме слаби. Мораме да кажеме дека сакаме да бидеме здрави, но мора да бидеме и слаби.

Мора да имаме пари, но не смееме да ги бараме. Мора да бидеме шефови, но не смееме да бидеме злобни.

Треба да бидеме лидери, но не смееме да ги задушуваме туѓите идеи.

Би требало да сакаме да бидеме мајки, но не треба постојано да зборуваме за нашите деца.

Мора да имаме кариера, но исто така мораме и секогаш да внимаваме и на другите луѓе.

Мора да го разбереме лошото однесување на мажите, што е лудост, но ако некому го спомнеме, ќе не обвинат дека се жалиме.

Треба да им бидеме убави на мажите, но не претерано убави за да не ги искушуваме или да им се закануваме на другите жени затоа што сите треба да бидеме дел од истото сестринство.

Секогаш мора да се истакнуваме и да бидеме благодарни, но никогаш не смееме да заборавиме дека системот е наместен. Затоа треба да најдеме начин да го признаеме тоа, но во исто време да бидеме благодарни.

Никогаш не смееме да старееме, да бидеме груби, да се покажуваме или да бидеме себични. Не смееме да паднеме, не смееме да губиме, не смееме да покажуваме страв, никогаш не смееме да отстапиме. Многу е тешко!

Сè е премногу контрадикторно и никој нема да ни даде медал или да каже благодарам! А всушност испаѓа дека не само што правиме се погрешно, туку и сме виновни за сѐ.

Доста ми е да гледам како јас и секоја друга жена се убиваме за да им се допаднеме на другите. Ако сето ова се однесува на кукла што ги претставува жените, јас сум изгубена“.