Елеганција во тиркизно – Совршен избор на коктел фустан

тиркизно

Префинета елеганција во тиркизно… Совршена естетика, сензуалност. Оваа нијанса потсеќа на море и секако во модниот универзм е карактеристична за летниот период.

Тиркизот го наоѓа своето место во спектарот на бои некаде помеѓу зелената и сината. Таа е единствената која никако не излегува од мода. Така, не би погрешиле со фустаните во оваа „суптилна“ кралица, претставник на нежните нијанси. Доколку ве очекува некоја посебна пригода, можеби свадба, венчавка или коктел забава со адекватен дрес код, во продолжение погледнете неколку идеи кои ќе ве натераат да се одлучите за ова модно стилско префинето решение.

тиркизно за коктел фустан