Кинески хороскоп:Ако сте родени во овие години, блазе си ви!

kineski horoskop кинески хороскоп

Ако сте родени во овие години, блазе си ви! Според познатиот кинески хороскоп, Било што и да правите, во наредните десет години ќе имате многу среќа!

Ако сте родени во годините: 1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014,  на било кој дел од планетата Земја, познатиот кинески хороскоп ви гарантира голема среќа. Секако има еден голем услов, а тоа е да верувате дека среќата ќе ви се случи, токму вам.  Вербата е големо  нешто и таа не ги изневерува сите оние кои се длабоко поврзани со неа.

Кога започна сѐ?

Според кинескиот зодијак, среќата доаѓа заедно со Годината на Водниот Зајак која започна на 22 јануари 2023 година. И уште нешто. Зајакот вели дека кај сите оние родени во годината на Коњот, ќе се развие енормна емпатија. Овие луѓе на почетокот и на крајот на секој нов ден често ќе се прашуваат: „што е она што можам да го направам за луѓето околу мене да се чувствуват среќно? “ Ќе го пронајдат одговорот со леснотија, најверојатно од големиот наплив на емпатија.

За сите оние кои не се пронајдовте во годините на коњот, дружете се со нив. Акумулирајте барем еден дел од нивното „количество“ на емпатија, која секако струи низ етерот и не се наплаќа.

Среќата се размножува.  Колку повеќе среќни луѓе околу вас, толку повеќе и вашата лична и деловна  среќа е загарантирана и по кинеската и по западната астрологија.

Извор: informer.rs