Што има ново во 3Д Кино Битола? Подгответе се за неверојатно искуство и кино репертоар. Од класика до акција, сè во 3Д кино Битола!
Одлично бајковито искуство за најмладата публика. Оваа принцеза се издвојува од сите оние кои ги знаеме. Меѓу редови, пораката е силна, бунтовноста е голема, а чудата се случуваат само ако веруваш во нив.
„Thunderbolts“
Кога Марвел вели „тимска работа“, не мисли на супер усогласени херои со совршени манири. Овде зборуваме за Баки Барнс, Јелена Белова, Џон Вокер и уште неколку… е, да ги наречеме шарени ликови. Суперхеројска екипа составена од храбри, тврдоглави и… малку сомнителни типови, кои од некаква причина решаваат да се борат за доброто. Официјално триесет и шести Марвел филм – неофицијално, можеби најхаотичниот досега. И ние сме тука за тоа!
Хокус – покус Диплодокус
Диплодокус е мал, љубопитен диносаурус чии родители исчезнале под мистериозни околности. Тој живее во стрип направен од потценетиот уметник Тед.
Поттикнат од неговиот издавач дека неговиот стрип го кочи, Тед ја зграпчува гумата за бришење… Диплодокус открива дека може да се телепортира од стрип во стрип кога ќе запознае волшебник и еден необичен научник, со кои тргнува во неверојатни авантури.
„Мајнкрафт: Филмот“
Ако некогаш сте граделе куќа од коцки додека ве бркале зомбиња – ова е вашата приказна! Мајнкрафт стигна и на големо платно. Четворица аутсајдери, една мисија и многу акција. Пикселизиран свет, реална возбуда!
,,Грешници“
Во обид да ги остават зад себе своите проблематични животи, двајца браќа близнаци (Мајкл Б. Џордан во двојна улога) се враќаат во родниот град за да започнат одново, но набргу откриваат дека ги чека уште поголемо зло.
Со ваков репертоар, само едно е сигурно: 3Д Кино Битола има по нешто за секоја душа – било да сте фантазер, бунтовник или љубител на бајки.