Страст и Тајни: Ќе Опстои ли Љубовта меѓу Ноа и Ник?- предлог книга

strast-i-tajni-ke-opstoi-li-ljubovta-megu-noa-i-nik

Страст и тајни: ќе опстои ли љубовта меѓу Ноа и Ник? Прочитајте го продолжението на љубовната сага што ги освојува срцата на читателите!

Кога Ноа го запозна Николас, знаеше дека љубовта со него нема да биде тивка и мирна. Тие се две сили на природата – оган и струја – чиј судир создава страст што горат сè пред себе…и тајни што ја замаглуваат вистината. Во секој нивен допир блескаат молњи, а нивните срца гореа под тежината на љубовта и недоречените ветувања.

Нивната врска досега беше како танц на работ од бездната: страст посилна од гордоста, но и сеништа од минатото што демнат неуморно. Секоја тајна, секој скриен поглед, е уште една искра кон експлозија што се заканува да ја уништи нивната љубов.

Додека минатото се обидува да ги раздели, Ник и Ноа мора да научат дека вистинската љубов не се гради само на страст. Таа се гради и на доверба. Тие се исправени пред најголемото искушение досега – да изберат дали ќе се борат за она што го чувствуваат или ќе дозволат стравовите и сомнежите да победат.

Во свет каде што љубовта не есекогаш мед и млеко, Ноа и Ник мора да изберат: ќе се борат или ќе се изгубат засекогаш?

Дали Ноа ќе ја надмине болката од предавствата што ја прогонуваат и ќе најде сила повторно да верува?

Дали Николас конечно ќе се ослободи од темнината на своето минато и ќе ѝ покаже дека неговото срце може да сака само една жена?

Подгответе се за љубов што пали, тајни што крварат и борба што може да ги спаси…или да ги уништи.

изворот… е секогаш кај нашите пријатели – книжарата Books house.

страст и тајни
[post_tags]