„-Те молам , можеш ли да ми кажеш по кој пат да заминам одовде? – запраша Алиса.
-Тоа многу зависи од тоа каде сакаш да стигнеш – одговори Мачорот.
-Не ми е особено важно тоа каде ќе стигнам… – рече Алиса.
-Тогаш ти е сеедно по кој пат ќе тргнеш – рече Мачорот.“
Познатата средба на Алиса со Чеширскиот Мачор од Алиса во земјата на чудата на Луис Керол многу ни кажува за врската меѓу целите и приоритетите. Најдете цел во животот. Така, ќе знаете каде сакате да одите Посветете се на својот приоритет и ќе знаете што треба да направите за него.
Секој ден почнуваме со избор. Можеме да се запрашаме; „Што можам да направам?“ или „Што треба да направам?“ Ако не го знаете својот пат, ако немате цел, што и да одберете да направите некаде ќе ве однесе. Но, каде? Во кој свет сакате да се разбудите?