Велигден низ Балканот: Тишината на Света Гора и шаренилото на јајцата

Велигден низ Балканот: Тишината на Света Гора и шаренилото на јајцата! Овој празник живее во срцето на верникот, со свои нијанси, но со заедничка светлина. Балканот го слави Воскресението со душа – со трепет во срцето.

Велигден низ Балканот

На Света Гора, Велигден се слави во длабока духовност. Верниците таму доживуваат ноќни литургии со звучни камбани, едноставна трпеза и поворка со иконата „Аксион Ести“. Таа скромност и светост го издвојуваат Атонскиот Велигден.

Во Грција, Велигден е националени духовен симбол. Седум дена пред празникот, храмовите се полнат секоја вечер. Кулминацијата е на Велика саботота на полноќ, кога народот со свеќи го пречекува Воскресението.

Во Бугарија, козињакот со плетенка е велигденскиот херој. Велика сабота започнува со богослужба, а полноќта со поздравот „Христос воскресе“. Луѓето шетаат околу храмот со запалени свеќи што, според верувањето, не треба да се изгаснат ако биле добри христијани.

Во Србија, неизбежно е кршењето со велигденски јајца. Првото, вапцано црвено, се нарекува „чувар на куќата“ и останува цела година. На Велики петок се јаде риба, грав и се пости строго.

Албанија слави два Велигдена – католички и православен. Во Тирана и Скадар верниците палат свеќи, пеат, бојадисуваат јајца и ја делат радоста со сите – верскиот синкретизам е реалност.

Во Црна Гора, јајцата се бојат во петок, а обичајот налага гостин да избере едно. Велигден тука е време за семејство, гостопримство и трпеза со традиција.

Балканот го слави Велигден на свој начин – со тишина, боја, ритуал и –душа.

Христос воскресе!

[post_tags]