Слатко видео за сладок и убав ден: „Аптека“

Младите глумци, инспирирани од настинките, повторно со нова идеја. Овој пат сакаа сцената да им претставува аптека, а тие да ги играат улогите на клиент, аптекар и крадец.

Она што можеме да го споделиме е дека зад камерите е вистинско „лудило“ и не е се така сјајно. Можеби најтешката работа е да работиш со деца, но финишот е феноменален, а после тоа сфаќаш дека си се забавувал и тоа како. А и ние родителите не сме цвеќиња за мирисање и изгледа бараме многу од тие малечки од кои всушност можеме многу да научиме. Е сега не дека се наши, ама… Сценаристот веднаш им ја исполни желбата и ете ти.. Ново видео во етер насловено како „Аптека“.

По нивна иницијатива, оваа мала „филмска екипа“ се нарекуваат Stay positive , а судејќи по насловот, се знае која е нивната порака. Останете позитивни, разбудете го убавото и не ја губете насмевката затоа што така сте најубави!

[post_tags]