Бомбакис во Југото на Мими – прво интервју за 2025. Муабет за хејтерите, You Tube и животот. Во најновата епизода на „Југото на Мими“, гостинот споделува сè – од тоа како е да бидеш татко со full- time job, до тоа како да преживееш хејтерски коментари без да ти се покачи притисокот.
🚗Бомбакис во Југото на Мими – каде ако не таму?!
Како што возат низ Битола во легендарното Југо (кое, чудесно, полицијата одлучи да го игнорира), разговорот оди во сите можни правци. Бомбакис признава дека ги вика сите гости – и нормални и контроверзни – оти, како што вели, лошите коментари само го креваат: „Провокацијата е ОК, а гледаноста не се прашува од каде дошла!“ Гостинот, инаку има два формати на карс – кат, ама нема време за двата – снима, монтира, трча по гости, а дома ?– Чува дете – фул тајм.
Мими, со својот препознатлив хумор, го сецка: „Да си од Битола, ќе те викаа Брзио оти многу бавно зборуваш!“
Животни лекции и првото интервју за 2025
Бомбакис открива дека ова му е прво интервју за 2025, оти – нема што да каже. Но во годините пред оваа имал што да каже и тоа како – преживеал рак, издржал машки и сега работи на себе.
Напишал книга – „Живот“, каде што ги раскажува првите триесет години. Веќе пишува и втора, за другите да не ги повторуваат неговите грешки.
Скандалот со штипскиот дијалект
Се евоцираат спомени додека југото тропка по асфалтот, а Мими се потсетува на „судирот со штипскиот дијалект“ – оној момент кога во емисијата „Брчиме со Дуле“, рекол дека не ги разбирал Штипјаните, баш како што ни југото не сфаќа зошто сè уште го возат.
Резултати? Тон хејјтерски , нула поддршка.
Мора шаренило да има. „Нема шо да измислуваме, сè е измислено“, вели Мими.
Ама не ќе да е така.
Соработка на брод?
Бомбакис го кани на брод во Охрид – идејата е да се снима болд – каст со рандом ликови. Дали Мими ќе прифати? Па, ако е „оберучке“, како што би рекле нашите северни соседи…
Што понатаму со Бомбакис?
Сонува за куќа надвор од Скопје.
Се фокусира на својата туристичка маркетинг агенција.
Сака да тера сè паралелно, ама агенцијата му е приоритет.
Пораката за крај?
„Не се нервирајте за ситници, избегнувајте токсични луѓе и бидете свои! Дали ќе ве сакаат или не – тоа е нивна работа, вие гледајте си ја вашата!“
пишува: Ромина Марковска