Голди Хон шокираше на Оскарите 2025: „Потполно сум слепа“. Легендарнаѕа актерка приреди неочекуван момент на овогодинешните Оскари. Таа изјави дека во кариерата имала среќа да прави филмови кои ги насмејувале луѓето, но за време на настапот се соочила со потешкотии при читањето на текстот од телепромптерот. Застанала, се свртела кон Ендру Гарфилд и рекла: „Ок, драги, можеш ли да го прочиташ ова? Јас не можам.“
По овој прекин, Голди ја изненадила публиката со следните зборови: „Потполно сум слепа…Мислам, навистина сум!“, Открила дека причината за нејзиниот проблем е катаракта. Ендру Гарфилд, кој бил со неа на сцената, смирено одговорил: „Ок, тука сум.“
Овој шокантен момент беше само еден од многуте емотивни моменти на вечерта. И покрај својот здравствен проблем, Голди Хон останала храбра и ги воодушевила присутните со својот дух и хумор. Катаракта, состојба што предизвикува заматување на очното сочиво може значително да го отежни читањето и секојдневните активности. За среќа, оперативното отстранување е безбедно и ефикасно.
Пред да го сподели својот здравствен проблем, Ендру Гарфилд предизвика солзи во публиката, зборувајќи за влијанието на Голди врз неговата почината мајка. Глумецот се заблагодари за радоста и утехата што таа ѝ ја донела низ годините со своите филмски и телевизиски улоги.
Голди на доделувањето на Оскарите беше во друштво на својот долгогодшен партнер, глумецот Курт Расел. Публиката ја почувствува нивната поврзаност и солидарност ејзината поддршка и солидарност, во овој емотивен момент, кој сигурно ќе остане запаметен.