Земјава е почудена! Нека дојдат два тројца бајачи нека зачадат со темјан и нека попрскат со крстена вода! Разбудете се!
…И сѐ некако така си поминват работите покрај нас. Не се замараме околу нив, околу ништо. Kучињата лAт во глутница. Едните се борат и протестирAт, другиве (стандард) контрапротестирAт. Никако да се реши тој проблем, а сите сме свесни дека е проблем! Но, што ни останува кога земјава е почудена ?
Секако, да се мразиме.
Едните плукаат по овие кои се жалат, другите со невидена емпатија ги „штитат“ милениците кои се множат на великО. Од друга страна и никако да се сфати дека не нeмојш туку така да си чуваш куче и еден ден да ти здосади и да го шутниш на улица. Па, дај еднаш нека се кажи од која страна играме. Сакаме или нејкиме? Црно или бело? Ама то е нашето… Од кај шо дува ветрО…Така? Ама то е…Земјава е почудена!
Зошто никој не превзема ништо? За било шо…Оти не е едно!
Кај нас нема статус кво. Има само нервоза. На јако прицнат е т.н. БАЈАЧ тастер и само напнато. Виртуелната војна на социјалните мрежи ечи. Штрајкој, банди, контрабанди. Протест за ова, протест за она. И ќе излезат ќе се потркалат по Широк Сокак со тивок глас кој знае да викне со пет извичници само на смарт телефоно и да поскрола налево надесно.
Дождот, невремиња, улици со кал. Сакале да клат асвалт, нејќеле, клале недоклале. Се буниме, сликаме, викаме, се дериме со извичниците. Се криеме зад итерпукциски знаци!
Цутат брда и долини на инстраграм, али реланоста е една по музеите, театрите, шундот и кафаните и цело тоа шоу, а друга е зад куќите на „корзо“ (варосани само однапред).
Земјава е почудена! Нека дојдат два тројца бајачи нека зачадат со темјан!
Битолски муабети е рубрика со авторски текстови, пишувана на битолски дијалект. Сите каратери се измислени. Мислењата, заклучоците и ставовите во колумната се авторски и не ги претставуваат официјалните ставови и мислења на razbudise.mk