Мистериите на февруари: Подлабоки отколку што изгледаат! Овој месец е обвиен со древни ритуали, пагански обичаи и тајни верувања. Од скриени значења во традициите што ги славиме и денес, до заборавени церемонии што некогаш биле дел од секојдневниот живот, февруари крие тајни што малкумина ги знаат.
Една од првите мистерии на февруари, лежи токму во неговото име. Името „февруари“ потекнува од латинскиот збор „februare“ – прочистување. Во антички Рим се славел фестивалот Februalia, обред за прочистување на телото и духот. Овој месец бил поврзан со подземниот свет, но и со плодноста, додека тамјанот, жртвувањата и молитвите биле клучни делови од ритуалите.
Паганскиот празник Имболк (1-2 февруари) бил посветен на келтската божица Бригид. Палењето свеќи и огнови го симболизираат будењето на сонцето, а домови биле украсувани со крстови од слама како заштита.
Луперкалии ( 15 февруари) биле фестивал на плoдноста во стар Рим, каде учествувале млади луѓе во обредни трки и симболични удари со кожни ремени за носење среќа и плодност. Иако подоцна биле забранети, нивни елементи се задржани во модерното Валентиново.
Во словенските традиции, 2- ри февруари бил Денот на мечката – природно претскажување на времето. Доколку мечката ја видела својата сенка, зимата продолжувала уште шест недели. Овој обичај се трансформирал во американскиот Ден на мрмотот.
Февруари отсекогаш бил период на премин – од зима кон пролет, од старо кон ново. Иако денес го славиме низ мoдерни празници, можеби е време да ги откриеме мистериите на февруари и да пронајдеме свој личен начин на прочистување и обновување.