И ти имаш право да се спротивставиш на се она што не е во согласност со твоето мислење.
Не ги премолчувај нештата што крајно те иритираат и провоцираат и те прават да се чувствуваш нервозно и напнато.
Не дозволувај да бидеш нешто што навистина не си. Кажи го своето мислење гласно и транспарентно без доза на страв и секако со смирен тон и спикерска дикција.
По никоја цена не го прифаќај она што си сигурен дека е погрешно, па макар и сите други да го кажуваат и прават спротивното. И ти имаш право да бидеш сосема свој и запомни: тие што те сакаат ќе те сакаат таков каков што си, иако не се согласуваат со тебе. Почитта е повеќе од присутна само во отсуство на сечие и секакво одобрување од твоја страна, се разбира.
Искористи го своето „ право на право“.