Тоскана е преубава регија сместена во централниот дел на Италија. Повеќе од позната е по своите пејсажи, богата културна историја, префинета кујна и извонредно вино.
Во следните редови прочитајте неколку клучни информации за ова бесценето место и доколку би имале прилика, веднаш ставете го како задолжителна дестинација која мора да се најде на вашата патувачка листа.
Фиренца, главниот град на Тоскана е дом на уметнички ремек дела вклучувајќи ја надалеку прочуената катедрала Santa Maria del Fiore (Duomo)
Во Сиена се наоѓа спектакуларната Piazza del Campo каде секоја година се одржува трка на коњи-Palio di Siena. Тука е Готската катедрала и тука се чекори по прекрасните средновековни, тесни улички и се добива чувство како да застанало времето.
Писа ќе ви ја открие наведнатата кула-Tore Pendente, која му пркоси на времето. Оваа камбанарија е дел од комплексот на катедралата Pisa и најпопуларниот симбол на Италија.
Тосканското вино – Chianti, Brunello di Montalcino, Vino Nobile di Montepulciano е повеќе од вистина.
Тоскана заведува со пејсажи, винова лоза, маслинки, житни полиња. Панорамските погледи се создадени за уживање.
Кујната во Тоскана ќе ја препознаете како panzanella-лебна салата, cacciucco-рибја чорба со школки, вкусови кои ќе ви ја разгалат душата.