Да создадеш приказна и простор каде актерот се чувствува разбран, а публиката – поврзана е чин за почит. Токму помеѓу овие редови живее еден од најпознатите театри во земјава „Интимен Театар“ Битола. Со амбициозен и искрен пристап, емоции и посветеност, театарот создава вистинска магија на сцената, чија енергија несомнено е препозната од публиката.
Имено, вчера, вторник, 19ти ноември и денес, среда, 20ти ноември, Интимен Театар од Битола, на својот репертоар има два многу интересни настани.
На19ти ноември, се случи премиерата на македонско бугарската театарска копродукција АЈВАР ИЛИ ЛУТЕНКА, по текстови на Гергана Димитрова (Бугарија), а во режија на Софија Ристевска Петрушева.
Во претставата играат Софија Ристевска Петрушева и Валентин Дамчевски. Композитор е Александар Талевски, а кореограф е Борис Богдановски. Претставата ја дожиева својата премиера во 20ч, во просториите на Интимен Театар…. А за неа, може да се истакне дека на еден хумористичен и интересен начин ги разгледува различностите и сличностите помеѓу двата народи.
Вториот настан што ќе се случи денес, среда, во 12 часот на пладне е презентацијата од интердисциплинарниот проект: ДОКУМЕНТАРНИОТ ТЕАТАР КАКО АЛАТКА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТ НА СТАРИТЕ ЛИЦА. Настанот ќе се одржи во Приватната Установа за Социјална Заштита Старски Дом Софија. Во самиот проект учествуваат старите лица, (корисниците на овај дом), како и режисерката Софија Ристевска Петрушева, актерот Валентин Дамчевски… Композиторот Александар Талевски, кореографот Борис Богдановски, психијатарот Гордана Ристевска Димитровска и психологот Магдалена Петрушевска. И двата проекти се поддржани од Министерството за култура и туризам.