Дали бакнувањето прави да живеете подолго?

бакнежот го продолжува животот

Бакнежот е најубавиот израз на интимност и блискост меѓу луѓето. Вчерашниот ден беше одблежан како Денот на бакнувањето, а по истиот повод ви пренесуваме неколку интересни факти кои веруваме дека не сте ги знаеле.

Нешто околу историјата:

  • Првиот „филмски“ бакнеж е снимен од компанијата Едисон во 1896 година.
  • Бакнувањето на крајот од свадбената церемонија може да се проследи наназад во античка римска традиција, каде што бакнежот се користел како еден вид потпишан договор помеѓу две лица.
  • Римјаните го класифицирале бакнувањето во три категории: Osculum – бакнеж во образ, Basium – бакнеж во уста и Savolium – бакнеж со јазик.
Couple kissing on the sunset

Психологијата на бакнувањето:

  • Стравот од бакнување се нарекува филематофобија.
  • Хормонот на среќата – окситоцин и ендорфин, е главниот виновник што прави да се чувствувате енергично и задоволно за време на овој чин. Овој хормон го испушта телото после бакнувањето.
  • Бакнувањето го продолжува животот. Истражувањата покажаа дека мажите кои ја бакнуваат својата партнерка барем еднаш дневно, живеат во просек до пет години подолго.

А што е со т.н. биолошки промени?

  • Ако веќе се трудите да ослабите, вклучете го и бакнувањето во вашата програма, бидејќи испитувањата докажуваат дека и со него се топат и губат калории. Имено, како што велат со обичен бакнеж се вклучени само два мускули од лицето, а со француски дури 34 мускули кои предизвикуваат да изгубите 5 калории на секои неколку секунди.
  • Студијата објавена во списанието Microbiome потврдува дека при секој бакнеж се разменуваат околу 80 милиони различни микроби, што е за 77 илјади микроби повеќе отколку што може да се најде во јавен тоалет. Но, размената на тие микроби им помага на луѓето да го зајакнат својот имунитет и да се борат против болестите.

Интересни факти:

  • Во текот на животот поминуваме во просек 15 дена на бакнување.
  • Најдолгиот бакнеж на светот според Гинисовата книга на рекорди траел 58 часа, 35 минути и 58 секунди.
  • Единствените животни кои се бакнуваат во уста се шимпанзата, орангутаните и мачките.
  • 37% од мажите ги држат очите отворени додека се бакнуваат, додека 97% од жените се бакнуваат со затворени очи.

.