Бургер е сендвич со илјада лица. Бургерот одамна го надмина статусот на обично јадење . Денес тој е културен симбол. Во многу земји низ светот, бургерот има различен изглед и вкус – создава уникатни рецепти кои го освојуваат секое непце. Еве нeколку од најинтересните варијанти!
Америка – Домот на Класичниот Бургер
САД е вистинската потковица на бургерот. Овде, секој регион има свој омилен рецепт: од пржениот „Deep Fried Burger“ во Тенеси до култниот „Whopper“ од Флорида Плескавицата, свежите состојки и варијабилноста –со над 221 000 комбинации – го прават овој сендвич омилен.
Во Данска, „bøfsandwich“ е бургер кој ги комбинира киселите краставички, киселите цвекла и три вида кромид, прелиен со кафеав сос. Финскиот, мајсторски спакуван сендвич со месо од елен, пак, додава интересен вкус со брусница , додека турскиот „ислак бургер“ во Данска, се готви на пареа за да добие мека, сочна текстура.
Азија и Иновативни Рецепти
Кина и Јапонија имаат свои традиционални варијанти – од кинескиот „Rou jia mo“ со соја и слатко вино. Азијците креираат вкусови кои се неочекувани, но извонредно примамливи.
Австралија и Експерименти
Австралиското задоволство во лепче со ананас, цвекло и јајце е специфичен микс кој ги разделува љубителите на култниот залак. Додека за некои оваа комбинација, е предизвик за непцето, за други е совршенство на неочекуваното.
Без разлика на вашите префернции, месната вкусна комбунација, може да биде сè, од брз оброк до деликатес. Но, кога станува збор за нашиот „македонски бургер“ – да не правиме муабет! Тој е тука од утро до мрак, било во форма на топли ќебапчиња или вкусна плескавица со кромид, помфрит, со омилениот кечап, мајонез и сите тие течни состојки што се разлеваат низ залак и уште спакувани во жешка лебна бомбица со сусам – вистинска милина!
Можеби македонскиот бургер е 1001 то лице на овој сендвич!