„Земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер ја погоди Турција, со епицентар на Козан во Адана.“ пишува веб-страницата на Претседателството за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД),
„Утврдено е дека земјотресот се случил на длабочина од 20,13 километри, а потресите се почувствувани и во Сирија.“ – пренесува vocentar.
Според досегашните информации нема повредени и материјална штета. Дел од граѓаните во паника излегле на улиците. Европскиот медитерански сеизмолошки центар соопшти дека земјотресот бил на длабочина од 9 километри под земја.