НАПАЃАЧОТ на Трамп бил голем поддржувач на Украина! – ФБИ заклучува уште еден обид за атентат

НАПАЃАЧОТ на Трамп бил голем поддржувач на Украина! - ФБИ заклучува уште еден обид за атентат

Според ФБИ напаѓањето на Доналд Трамп се смета за oбид на атентат. Тие објавија дека се истражува случајот за веќе вториот обид за напад на Трамп. Истиот се случи вчера на неговиот голф терен во Вест Палм Бич во Флорида. Мажот се криел во грмушките и бил оддалечен 400 метри од она место каде играл поранешниот претседател. Неколкумина агенти на Тајната служба пукале кон вооружениот човек. Трамп бил однесен на безбедно веднаш.

Меѓутоа, како што пренесуваат медиумите, откако кон напаѓачот на Доналд Трамп, биле испукани 4 куршуми, тој избегал, но направил грешка во брзањето и оставил „калашников“, камера и два ранци на самото место и избегал со автомобил, за подоцна да биде уапсен. Тој е идентификуван како 58-годишниот Рајан Весли Раут од Хаваи.

Трамп

Ова е втор обид за атентат на Трамп после првиот пат на митинг во Пенсилванија кога Доналд беше ранет во уво.

„Сакам да им се заблагодарам на сите за вашата загриженост и добрите желби. Ова секако беше интересен ден. Ништо нема да ме запре, никогаш нема да се предадам“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

За сега не се познати причините како Рајан Весли Раут дознал дека Трамп се наоѓа на неговиот голф терен и кој е мотивот за напад. Официјални лица пак пренесоа дека игралиштето не било целосно опкружено со обезбедување. А причината е што тој повеќе не е на функција.

За ова, шерифот на округот Палм Бич, Рик Бредшо изјави: „Бидејќи тој не е на функција, безбедноста е ограничена на областите за кои Тајната служба смета дека е потребно.“ Она што е познато е дека Раут има „богато“ полициско досие и бил голем поддржувач на Украина. Меѓу останатото, повикувал странци да борат против Русија