„Можеме да судиме за срцето на човекот, по неговиот однос кон животните.“- AF AF најдобриот пет шоп и груминг во Битола

„Можеме да судиме за срцето на човекот по неговото однесување кон животните.“ – Емануел Кант. AF AF е поинаков пет шоп. Тоа е модерен простор и место во кое вашето милениче ќе наиде на најдобар третман. Во оваа приказна, ќе наидете се на едно место за вашите миленици.

Најдобриот пет шоп и груминг, се наоѓа во Битола и веќе се подготвува со полна пареа за свеченото отворање. Подготовките се во тек… А од она што ние можеме да ви го откриеме од „зад нашата скриена камера“ е тоа што AF AF располага со голем број артикли од разни брендови.

Правилната исхрана е половина здравје. AF AF има единствена цел да им се овозможи љубов, правилна нега и нега поврзана со здравјето на вашите милиенците. Поведени од ваквиот концепт, во AF AF ќе го сретнете брендот Advance – храна за кучиња која може да ја најдете само на ова место. Happy dog се наоѓа исто така на рафтовите во овој пет шоп и груминг. Секогаш сте добредојдени со вашето милениче, каде тоа може да проба сѐ што планирате да му купите. Квалитетни и разновидни производи во еден прекрасен амбиент каде вашето милениче ќе ужива во совршен комфор и груминг.

На ова место, ќе наидете на професионален тим.

Тим кој ќе ве удостои со одговор на сите ваши прашања… И ќе можете да се информирате и посоветувате за сѐ она што им треба на вашите најдобри пријателчиња – животните. И тука некаде меѓу информациите и советите, во пет шоп и груминг AF AF , можете да наидете на совршена услуга. На посветени вработени кои ќе се погрижат да ја пронајдат расата на кучето кое од секогаш сте го посакувале, а не можете да го најдете.

Од сите потребни аксесоари за вашите кучиња и мачиња, сѐ за вашите папагалчиња и чинчили, до изработени гребалки за мачки по ваш вкус и желба. Во AF AF ќе сретнете папагали, сѐ од категоријата акваристика, а наскоро до AF AF ќе допливаат и рипчиња.  

На нашите миленици им е потребно внимание и соодветна нега, а тимот на АF AF, верувајте дека ќе им ја пружи сета љубов на светот.

Наскоро големо отворање на единствениот Пет Шоп и Груминг во градот со уникатен пристап, производи и совршено автентичен амбиент.

пет шоп

Комерцијален текст