Лесно им е на оние кои секој понеделник се во теретана, лесно им е да не обвинуваат… Но, дали тие знаат дека всушност ние си имаме своја стратегија. И не е тоа туку – така лесно… Си имаме објаснување. Тоа ти е мисловен прцес, голема работа бре луѓе! Ете што треба да знаете за нас што се каниме да вежбаме од понеделник:
1. Ние не сме мрзеливи туку го чекаме вистинскиот понеделник.
2. Ние чекаме да ни дојде желбата ама да биде и понеделник, ако не е понеделник ништо не правиме.
3. Ние не почнуваме се додека не најдеме добра причина и мотив за вежбање. Што значи… Од Понеделник!
4.Да составиме добра музичка play листа, да одбереме како ќе вежбаме.
5.Треба да најдеме друштво за да не сме сами во целиот процес на ТРАНСФОРМАЦИЈА.
Пишува: Данда Реј