Ла Томатина – фиеста на 20 000 учесници и 150 тони домати.
Фестивалот „Ла Томатина“, повторно се одржа во шпанскиот град Буњол. „Ла Томатина“ привлече повеќе од 20 000 учесници. Овој уникатен фестивал се одржува секоја година во последната среда од авуст. . Претставува вистински спектакл на поморски домати и забавни моменти.
Градските улици беа покриени со реки од мелени домати. Учесниците се впуштија во фрлање на повеќе од 150 тони зрели домати. На фотографиите се гледа како луѓето се тркалаат во црвената маса од домати, се забавуваат и прават селфи, додека се покриени со дамки од овој вкусен зеленчук.
Фестивалот познат како Ла Томатина , датира од 1945 година и оваа година го прослави своето 79-то издание. Привлекува илјадници посетители од цел свет. Најголемата борба за храна во светот започна како локална шега или можеби како случаен инцидент, но денес претставува значајна традиција за градот. Сепак, во минатото, фестивалот беше забранет под режимот на Франко поради недостаток на религиозно значење. Истиот беше обновен во 1970 – тите години.
Како што „Ла Томатина“ продолжува да расте, бројот на учесници е ограничен на 20 000. Причината за ова е воведувањето на официјално издавање на билети од 2013 година. Со оглед на ограничениот број на сместување, некои луѓе избираат да останат во блиската Валенсија која е на само 38 километри од Буњол. Како подготовка за хаосот, локалните продавници користат големи пластични капаци за да ги заштитат своите објекти.
Фестивалот се одржува во чест на светците заштитници на градот, Луис Бертран и Маре де Деу делс Десемпаратс кои се поврзани со Дева Марија. Неговата историја е исполнета со мистериозни и интересни теории. Но, денес тој е синоним за забава, радост и секако, многу домати.
Фестивалот е атракција и привлекува посетители од целиот свет кои доаѓаат да ја искусат уникатната атмосфера и енергија. Буњол е во центар на светската култура и забава каде што традицијата и модерното се спојуваат во еден незаборавен настан.