Намерно подметнувала пожари за да флертува со пожарникарите!

Намерно подметнувала пожари за да флертува со пожарникарите!

Фатална Привлечност e исходот од една луда игра! Фатална привлечност ги доведе пожарникарите од Триполи во неочекувана ситуација. Четириесет и четири-годишна жена од Триполи е осудена на 36 месеци затвор поради намерно подметнување пожари. И тоа, верувале или не, за да ги види пожарникарите во акција и да флертува со нив. Мотивот потсетува на Саманта од „Сексот и Градот“ . Па ако таа можеше да ја искористи секоја прилика за да флертува, зошто да не и „нашата“ хероина… Но, на „малку“ порадикален начин?

пожарникарите

Истражителите брзо забележале дека истата жена се појавила на местото на двата пожари на 24 и 25 август 2024 година, што ја поттикна нивната љубопитност.

По внимателно следење, на 26 август, таа беше уапсена и отворено призна дека намерно ги предизвикала пожарите. Жената изјавила дека сака да запознае „вистински маж во униформа“… Дека уживала во драматичниот момент кога пожарникарите пристигнувале на лице место. Да беше Саманта тука, веројатно би ја прашала за кој тип пожарникари е „загреана“. Дали за оние од Новајоршката пожарникарска станица или пак Триполиската единица?

Судот во Триполи брзо реагираше  и ја осуди на 36 месеци затвор и парична казна од 1 000 евра. Оваа казна испраќа јасна порака дека ваквите постапки нема да бидат толерирани, без оглед на мотивите, без разлика колку тие биле „сексипилни“ според некои. Среќа во оваа приказна е што пожарите не предизвикаа поголема штета, благодарение на брзата интервенција на противпожарната служба. Но, овој случај ја истакнува важноста од сериозно третирање на секој инцидент со пожар и внимателно истражување на причините зад него. Иако може да се замисли како Саманта би го коментирала случајот со својот препознатлив хумор, важно е да се нагласи дека ризикот по животот и безбедноста на многу луѓе е нешто што не може да се третира како дел од лудорија.

Фаталната привлечност на пожарите и флертот со пожарникарите, дури и кога се во прашање опасности, не може да го скријат значењето на професионализмот на оние што стојат на фронтот на борба против огнот.