„Металманија“, единствената емисија посветена на македонската алтернативна сцена прослави 25 години постоење

На македонската алтернативна сцена веројатно многу малку се посветува внимание. Затоа гласно им се восхитуваме на оние кои знаат да аплаудираат на нашите музички таленти во овој поглед. И кога зборуваме токму за таа поддршка, неминовно е да го споменеме Агим Џело – Забот кој неуморно работи токму на популаризирање на таа македонска алтернативна сцена.

Имено, синоќа во кафе бар Везилка се одржа прилично интересен настан поврзан со музичката сфера. Имено, се проектираше јубилејно издание на емисијата Металманија. Се прослави 25 годишнината од постоењето на оваа емисисија, а меѓу другото, беше поставена и изложба на истата тема.

Емисијата посветена на овој јубилеј е навистина вредна да се проследи. Голем број македонски музичари зедоа учество со свои изјави и видувања каде што се присетија на почетоците на оваа емисија. Но, и се заблагодатија затоа што голем дел од тие групи беа презентирани токму во оваа емисија. Токму од оваа емисија, на тој начин македонсиот аудиториум дозна за нивното музичко творештво. И тоа  колку е значајно да постои една ваква емисија во ова време. Емисија е простор посветен на македонската алтернативна сцена” – Изјави Агим Џело за медиумите кој го проследија овој настан и им се заблагодари на сите нив за промоцијата на истиот.

Проекцијата 25 години Металманиjа и  изложбата се поддржани од Министерството за култура на Северна Македонија, а целовечерната забава насловена како „Ноќ со Металманиа“ беше поддржана од Општина Биатола во склоп на Бит фест 2024

Фото – Ивона Кочов