Од секогаш сум велела… Си имам јас гурмански интелект. Но, приказната започнува од одамна. Тоа и не е туку – така лесно да го изградиш. И сето тоа би го поврзала со Битола.
Градов има посебен шарм кој елегантно наметнува љубовна врска помеѓу градските улици и сокаците и гастрономската сцена. Токму помеѓу овие редови, сретнавме уште една кулинарска извонредност. Имено, внимавајте затоа што ова не е едноставна приказна и во себе има трансформативна моќ за веќе добро познатото.
Битола е рамо до рамо со светските гастрономски визии, а за да ни биде уште поубава таа наша хедонистичка зона, креираме уште една нова гурманска бајка.
Насловена како сендвичара „Koнец“, ова е автентична „street food“ приказна со неконвенционална визија кон подготовките. А ние, како вистински гурмани, ја препознавме уникатната идеја на сопствениците.
Street food – сендвичите, инстантно ни го привлекоа вниманието. Кога зборувам за тоа привлекување, најпрво мислам на очите. Затоа што на ова место ќе го видите првиот вистински pulled pork бургер. Мммм… Е после тоа, сѐ беше љубов на прв залак.
„Секако, идејата е да бидеме што поразлични. “ – велат сопствениците – Заобиколувајќи го клишето кое претендираше кон подготовка на храната на скара или во фритеза, „Конец“ нуди подготовка на месо во конвектомати на пареа.“
Подготовкта е бавна, а финишот е извонреден. Од лично искуство, би рекла дека на крајот, како клиент, добиваш траен танц на вкусови и некоја магична кулинарска фузија. Микс од навидум добро познатото и шармот на street светскиот тренд. Верувајте, во Конец храната не е само храна, ами порта кон автентичен свет на вкусови кои чекаат да ги откриете. Повик за нова авантура што гласно редефинира гастрономски веќе видени граници.
А она што се крие зад подготовката е брилијантниот тим од кулинарски виртуози кој сега реши да го реализира конечниот сон и да отвори своја сендвичара во градот под Пелистер.
…И така, додека гледаш како се подготвува бавно со вистински мераклиски пристап свинското, пилешкото или јунешкото месо на конци…
И така додека вкусуваш од баварското лепче кое тие сами го припремаат
…И дегустираш сос од чаден мајонез и…
Хм…Добиваш хедонситичка експлозија која те влече како порив…
Сега ќе ме извините, но морам да ги тргнам рацеве од тастатура. И да, она што е највозбудливо во „Конец“, е што од оваа приказна ќе посакаш уште еднаш!
Се гледаме во Конец на pulled pork сендвич!
Локација: Населба Карпош – 4ти Ноември број 49 Б