ВИДЕО на Едусфера: Плавуши, пиво и колбаси, карневал, фудбал: – Што е типично германско?

Одговорот на прашањето “Што е типично германско?” ќе ви го дадат средношколците од Едукативен Центар Едусфера.

Селектирање на отпад, плавуши, постојана желба за патување, пиво и колбаси, карневал, фудбал… Гете го напишал првиот интернационален бестселер, а Кант се вбројува во најпроучуваните филозофи… Филозофија и литература – типично германско! Многу бомбони и чоколади за првиот училишен ден и сето тоа убаво спакувано е радост на секое дете во Германија.

25 милиони џуџиња живеат по германските градини и дворови, па со тоа може да се каже дека Градинарското Џуџе е класичен симбол на Германија. Типичната германска жена е плавуша, а жената од соништата на многу германци е Хелене Фишер. Не се плашете, тие само сакаат да се забавуваат. Пред почетокот на постите многу луѓе се маскираат во кловнови, вештерки и принцези и прославуваат карневал.

99 Luftballons – постои ли попознат германски наслов? Колбаси и пиво – германско клише. Типичниот германец пие 107 литри пиво годишно, а највкусно е во германските пивници.

Секоја година околу 6 милиони посетители доаѓаат во Минхен за да ја искусат германската култура и традиција. Претпоставувате на кој настан? Oktoberfest се разбира

При толку многу различни работи останува да се запрашаме – Постои ли типичен германец. Шетаме низ германските улици, по големите и мали градови и села и забележуваме луѓе со плава или црна коса, луѓе со светла и темна кожа,покрупни и поситни, некои живеат во големи градови други во села… Германија од денес е шарена и разнолика!