Битола е зародишот на сите уметности, Битола е музика… Симбиоза од гурмански и хедонистички стремеж со староградска музика, тамбури, гитара, армоника, виолина на увце…
Битола е однова инспирација за сите уметности. Со пиетет на конзулска и градска, по истиот повод, и стремеж кон будење на историскиот мелос, се најавува седмото издание на „Фестивал на староградска музика и вино“.
Настанот станува традиција. Секоја година се одржува во Старата битолска чаршија пред платото на Мал битолски монмартр. Ноќта е посебно патување што поместува граници и некако… Одново го живее она минато каде одважните господа носеле паларии и ги отпоздравувале грациозните дами.
Со почеток во 21 и 30 часот, на 16и Август, битолчани ќе можат да уживаат во изведбите и звуците на:
Битолски Тамбураши, Деспина, Тамара Стојковска, Николче Зацески и Бојан Стојков.
Организаторите ветуваат одлична програма, а низ битолската чаршија, во Сабота на 17ти Август ќе следи уште една музичка програма:
Куд „Илинден“ – Градски приказни, Нино Величковски, Боеми, Тамара Стојковска.
Фестивалот се одржува во рамките на Бит Фест.