Летни одмори и како тие ги поминуваме. Марјан Гeоргиевски уште еднаш ја развесели публиката со (секако по малку сатиричниот пристап). И токму онака како што и мислевме. Сите се пронајдовме во неговите споменати ликови во видеото. Како поминуваме на одмор? Каде одиме? Ваљда кај јужниот сосед…
И сега си преминваме на битолски… Изглеа ептен апла е оти жените се шаштисват околу прашањето „одмор“. Баш на то прашање збора Гeоргиевски. Некои се во салам паники и совреме си барат понуди. После ги напнуват мажите и едвај чекат да се спружат на плажа. Некои пак, се премислуват и не се баш сигурни околу одлуката. А ко ќе дој жешкото, богами се крева паника…Се паѓа во депресија, а сопрузите се само безгласни посматрачи, оти ако зборнат… Хм. Погледнете ги двете видеа подолу во текстот…
Но, тоа не е се од Марјан, па ја „извај“ и Жана од неговиот серијал Луда куќа. Веќе многу од публиката се соживуваат со овој лик и зборувајќи со поединци, богами Жана ќе стане епик. Класика. Евергринот што отсликува типична балканска жена…
Имено, во најновата епизода „Луда куќа“, Саше синот се најавува за визита. Ама пред да си прат гости, нормално паника. Мајка ко мајка (или балканска жена ко балканска) се секира и саклдисва за синчето оти една супа ова Елеонорчето му нема сварено. И се дуздисват, се камирносват, па ете ти ги овие двајца на врата. Саше ослабен, а Жана го вози вечниот конфликт снаа – свекрва релација. Али суптилно, со пецкање… Уствари како и секоја свекрва. Прво со дур, со сарказам, а после мекамски и со убо… Ко ништо да не се случило… Уф, многу има на ова тема да се збора, а богами и ние спремаме нешто слично. Читајте „Разбуди се“ и гледајте го Марјан и неговото урнебесно шоу, серијал и кратки видеа во кои богами нема кој нема да се пронајди, а богами и тоа ни е целта.
Меѓу другото, би нагласиле дека целта на нашиот сајт е да стане т.н. агрегат на видеа од овој тип, на текстови кои ќе ве насмеат, кои ќе ви го разубават денот и ќе ве опуштат. Да го разбудиме убавото. Oстанете на оваа фреквенција и уживајте во се што следи!