ИНТЕРНАЦИОНАЛНИТЕ ГОСТИ И АНСАМБЛИ НА ФЕСТИВАЛОТ „ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ“ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА
Колоритот на светот, претставен преку ансамблите, групите и поединците од повеќе земји, кои се гости на „Илинденски денови“, беа гости во ОПШТИНА БИТОЛА. Во кабинетот на градоначалникот Тони Коњановски.
Учесниците на 54 издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“, ги претставуваа САД, Боливија, Кореа, Србија… Северен Кипар, Турција… Тие ги раскажаа своите прекрасни впечатоци за Битола, заблагодарувајќи се за топлиот прием и прекрасниот престој во градот. Градоначалникот Коњановски, истакна дека во овој период, Битола посебно се разубавува… Светското шаренило, надополнето со музиката, играта и песната, никого не остава рамнодушен, истовремено овозможувајќи светска промоција на градот.
На средбата, во знак на добрата соработка и заедничката цел за градење силни културно – уметнички врски, беа разменети подароци и промотивни материјали. Тоа е дополнителна потврда на уште едно успешно издание на фестивалот „Илинденски денови“.