„Дајте ѝ ги на жена вистинските чевли и таа ќе го освои светот“ – Злоупотребувајќи ја моќната мисла на Мерлин Монро, го започнуваме текстот со кој би ви ги предожиле моделите на колекции од познати светски брендови. Всушност за нив многу модни блогерки би истакале дека се навистина возбудливо удобни. Кога ги носите, имате чувство како да светот е ваш. Откриваат елеганција во движењето, а жените ги обожаваат од причина што истовремено им создаваат самодоверба и удобност.
Привлечете восхит во погледите кога чекорите во овие чевли и едноставно чувствувајте се како „дива на вжештениот асвалт.“
Нивната боја е посебна приказна која може да го отслика вашето летно расположение и т.н. полет во чекорот.Во продолжение погледнете ги нашите предлози.
Висока потпетица со испреплетени ремчиња околу глуждот.
Транспарентни и необични. Дебела потпетица и во необична елегантна поставеност.
Кожни сандали со висока и неправилна форма на потпетица која се „истенчува“ кон врвот.
Кафена боја и сандали со висока и акцентирана штикла. Златно ремче.
Одберете го вашиот модел и освојте го светот.