„Кучињата им зборуваат само на оние коишто знаат да слушаат.“ ― Орхан Памук. Аf Аf – Нов ПЕТ ШОП и груминг во Битола
Но, пред да ви раскажиме уште една нова битолска приказна, приказна за Аf Аf – Новиот ПЕТ ШОП, одиме малку со сторителинг….
..И повторно ќе забележам, сите најголеми љубовни приказни доаѓаат во пакет со вкусно кафе, широки насмевки и верба во она што се сака. И така, неофицијално со Ивона пред некое време, започнавме да зборуваме околу љубовта… Околу пријателството, околу нашите идни планови и се она што било. Тука, некаде се запрашавме? Како би креирал иднина, ако не би имал минато? Или како би знаел што сакаш, ако еднаш не си ја искусил таа љубов. Хм.. Секако ве оставам во прашалници. За која љубов зборуваме?
И после две три голтки од кафето, заклучивме дека треба да се вратиме многу назад. Во минатото. Во оние моменти кога на „ТИ“ си бевме со безгрижноста и со топката во раце зневме гласно да се смееме, да играме ластик, царица, куку… Да растеме безгрижно. И како сега таа слика се склопува. Како да нешто ни фалеше во муабетот. Во мозаикот од спомените од детството… Всушност која е првата слика која ни се прикажува како ментална проекција кога замислуваме детска љубов? Веројатно топлината на блиските, на домот, на семејството. Е сега кога веќе ја замисливме таа куќа и си дозволивме да се вратиме назад во најубавите спомени, се сетивме што е она што недостасува. Домашниот миленик.
-Слушна? Сака нешто да ни каже. – Велеше Ивона постојано кога ќе наидовме на некое слатко животинче, кученце или маченце во нашето маало. И навистина. Секогаш знаеше да ги слушне овие животни на четири нозе и знаеше отворено, безрезервно и широко да ја прикаже таа љубов. Да ни ја објасни, да ни ја долови таа врска помеѓу човекот и животното, како вечни најголеми пријатели. Се вративме на нашето кафе, па во текстот заклучувам дека е доволен сторителингот како насока за радоста која „Разбуди се“ ја чувствува од уште една нова соработка.
Време ли е да разбудиме една посебна љубов? Време ли е да го слушнеме крикот на овие животни на четири нозе? Орхан Памук, за токму оваа љубов кон животните, поентирал „Кучињата им зборуваат само на оние кои што знаат да слушаат.“
Време е да најавиме една спектакуларна приказна што ќе се роди наскоро во нашиот град. ПЕТ ШОП и груминг Аf Аf.
Грумингот е веројатно најважниот чекор за вашето кученце да изгледа чисто, средено и спремно да изнуди многу љубопитни погледи. Имено, овој Пет Шоп и груминг, ќе ве воодушеви првично со пријатниот амбиент уреден спрема побарувачките на клиентите и нивните домашни миленици.
-Доколку немаш љубов кон оваа професија, не можеш да го водиш овој кариерен пат. – велат од уникатниот простор, единствен во Битола. – Аf Аf не е само центар во контекст на одредени бизнис претензии од кои ќе се извлечат финансиски бенефити. Toa е љубовна приказна што се роди уште од моето детство со моите миленици. – вели сопственичката Ивона Гулевска.
Она што ние како „разбуди се“ ви го пренесуваме со уверување, е дека целта на Аf Аf е вашиот миленик да доживее вистинско задоволство, непроценливо искуство и совршен третман.
Професионалниот и вискообучен тим, знае и одлично функционира со сите раси и големини на кучиња. Знае да го смири вашето милениче за време на секој негов третман.
Овој нов Пет Шоп и груминг во Битола, располага со голем број на артикли од разни брендови кои континуирано ги следат светските трендови. Тука ќе наидете на стручни совети, насоки и препораки за тоа што е најдобро за милениците на сегашните или идни сопственици. Имено Аf Аf , е целосно снабден со балсами и хипоалергени шампони... Специјални производи кои се безбедни и делуваат делотворно на вашето куче. Производи за нега, хигиена, прехранбени производи… Разни закуски, играчки и се останато што го посакувате и што мислите дека им е потребно.
Нашиот сајт, Razbudise.mk, секако ја поддржува оваа приказна и соработува со секој следен чекор на Af Аf . Заедно ќе пишуваме нови страници кои секако ќе можете да ги следите тука. Наскоро… Спектакуларно отварање на овој Пет Шоп и груминг!
… Затоа што милениците треба да ги слушнеш!
Пишува: Елена Трпковска Наумовски
Комерцијален Текст