Сјајната „Симфонија на ѕвездите“ го најави официјалниот старт на БИТ ФЕСТ, Битолското културно лето.
БИТ ФЕСТ ветува незаборавни моменти. Градоначалникот Тони Коњановски и дел од изведувачите ги поканија жителите на Битола да уживаат во уникатната атмосфера на градскиот стадион „Петар Милошевски“. Оваа вечер се очекува публика од околу 4 000 гости.
Програмата на Бит фест исполнета со Ѕвезди
18:00 часот: Детска олимпијада на тениските игралишта
19:00 часот: DJ IIe Hair и DJ Boca
21:00 часот: Паркети, Суперхикс, Констракта, Каролина Гочева, Камерен Оркестар со Love Itoya, Schiller, Pig & Dan и Brass Brothers
Love Itoya, позната по енергичните настапи, ветува незаборавен концерт. „За прв пат настапувам на Стадионот во Битола, но првиот настап во Битола ми беше во 2019 година. Имам настапувано во Порта џез, на Хераклеја и.т.н. Многу сум почестена од моето присуство денеска тука и вечерашниот настап. Планирам да донесам многу позитивна енергија, убави вибрации, ќе пеам убави песни и верувам дека публиката ќе биде постојано распеана и разиграна за време на мојот перформанс. Исклучително ми е убаво во Битола, особено поради фактот што забележувам дека нема ни ронка расизам тука, во овој град. Се чувствувам како дел од нив, секогаш прекрасно“, изјави Love Itoyacht
Schiller (Cristopher von Deylen), икона на електронската музика, најави уникатно аудио – визуелно искуство.
„Не ми е првпат да сум во Македонија, но првпат сум во Битола и исклучително ми е драго што сум тука,“ рече тој. Schiller ветува магичен настап со мешавина од различни стилови и вокали. Неговите албуми како „Leben“ и „Future“ се добро познати низ светот, додека хитовите како „Ifeel you“, „Das Glockenspiel“ и „Sehnsucht“ остануваат вечни фаворити на обожавателите. Сè да звучи како никогаш досега, Наде Талевска и Агни Авшар ќе му се придружат на сцената.
Овој спектакл е одлична можност за сите љубители на музиката и културата да го прослават летото во Битола со 16тото Издание на БИТ ФЕСТ Битола.
Фотографии на Агим Џело