Рапидниот развој на вештачката интелигенција, сепак не може да загрози некои дејности . Извештајот од Goldman Sachsa од 2023 година зборува за тоа дека пазарот на работа во САД и Европа би можел да се соочи со сериозни пореметувања доколку вештачката интелигенција би ги исполнила своите очекувања. Во Извештајот се наведува дека околу две третини или поточно околу 300 милиони дејности веќе се во „опасност од исчезнување.“
Но, со седумте дејности што во моментот се пред вашето читателско око, тоа не е случај:
-Сертифицирани водоинсталатери и електричари кои имаат комплетен сет на умешност и знаење како незаменлива човечка вештина;
-Градежни работници кои го нудат оригиналниот модел на она што популарно се нарекува „ мускул, вештина и подвижност.“ Она што раката умее да направи, ниеден друг робот не би го можел тоа;
-Готвачи или Кувари кои умеат да стават „печат на оригинал“ во специфичната подготовка на храна;
-Психолози и Советодавачи кои нудат когнитивна , бихевиорална терапија која нема да се изгуби во џунглата на етикети и на сериски терапевтски пристап;
-Учители чија интеракција на енергија е повеќе од потребна , особено за воспитувањето на малите деца;
-Професионални спортисти и тренери кои поседуваат физичка и ментална сила и невозможно е да имаат заменска форма и големина, подвлекува Howstuffworks.
-Возачи кои и понатаму ќе бидат присутни со особената човечка одговорност наспроти возилата со кои ќе управува вештачката интелигенција;
„Ние всушност не знаеме да направиме роботи толку софистицирани кога е во прашање работата со вистинскиот свет“, истакнува Gery Marcus професор – емеритус по психологија и невронски науки на Универзитетот во Њујорк и автор на домашниот подкаст „Луѓето против машините.“