Приказната на Игор Димовски и „Пауза за ракија“ во емисијата YUGO

Игор Димовски во YUGO

Композитор, аранжер, виртуоз на хармоника… Игор Димовски во емсиијата на Mimi – YUGO.

-За нешто да биде многу успешно, треба да вложиш многу труд, многу работа и неизбежно многу љубов. – Ќе забележи Игор Димовски, денешниот гостин во емисијата „YUGO“.

И од ко се испоштоваја, двајцата музичари започнаа да ја отплетуваат веќе добро познатата музичка приказна во Македонија и пошироко… Приказната наречена „Пауза за ракија“. Како започна се, како се креира идејата и што треба за еден човек да биде успешен на ова поле?

– Публиката освен што бара енергија и инвентивност бара и да си искрен – ќе подвлечи меѓу редовите Игор Димовски. И од оваа страна, како публика, стварно се согласивме со мислењето на Игор. Ако таа публика забележи дека сето тоа го правиш поради интерес, пропадна работата богами.

Инаку, виртуозот на хармоника и познатиот композитор, уште од 15, 16 години е на терен во кафана, со свирки... Со чуда… Од мал го печел занаето. А она шо го знајме, е дека цел тој процес вклучва и турнеи и настапи по градови. Па зато неизбежно е да си имаш убо количе. И изгледа оти ова југцето, било олтајмеро шо уствари бил заштитен знак на успешните, само шо Мими ја притисна работата да се прослави. Патем и Димовски возел прво YUGO, па продолжил да се „печи“ во занаето со алфа ромео. Та едното, та другото, баги арч му напрајле во животО и не бил баш лесничок патот до остварување на брилијантна музичка кариера. Но, изгледа дека сите големи приказни, го поминуваат тој пат.

И меѓу бројните дешавки за паметење, Игор го издвои моментот кога патувале со авион за Австралија. На аеродромот во Франкфурт, не му вервале дека е музичар, а се некако и та хармониката му личела на бомба. За да се убедат, го натерале да свири. Фала богу си добил аплауз, а ко ќе задумаш, овие од Франкфурт, ќариле свирка во живо без да платат карта. После само ние балканците сме биле „снаодливи“.

Сакам да истражувам, не сакам да сум стандарден. Публиката сака „шок“, да ја изненадиш да ја штрекнеш… – понатаму нагласи гостинот. И стварно. Оној што бил на нивните настапи знае за која енергија зборуваме. Нема некој кој може да остане воздржан и да не стане да игра, затоа што на „Пауза за ракија“ стварно имаш повод за пауза…. Епа за ракија фала богу. И додека го славиш животот и се фасцинираш како перцепиент, Игор откри како се подготвува за настапот:

-Избегавам да разговарам со луѓе пред настап, затоа што секоја комуникација одзема енергија, а публиката не те прашува дали си уморен, туку секогаш има очекувања кои треба да се оправдаат.

За шо натаму се прај муабет, видете си во видеото и откријте детали за една стварно брилијантна и уникатна музичка приказна. Приказната на Игор Димовски и „Пауза за ракија“ во Mimi YUGO.

П.С. Извинете за битолскиО (напати), али намерно е…не е случајно!