„Креативен ден“- Манифестација на имагинацијата, креативноста и талентот на младите и идни дизајнери: Интервју со еден од тимовите

Ќе започнам од Мирјана Момировска, млада, елоквентна дама. Амбициозен кариерист со широка насмевка и ведар дух.


Да сум сопственик на продавница за облека е остварување на мојот сон. А привилегијата на соништата доаѓа тогаш кога самиот ќе ги оствариш. Самиот процес на создавање на една креација која ти си ја креирал во својата глава и си ја преточил во реалност е вистинско задоволство. Додека пак среќните лица на моите клиенти ми се мотивација да бидам уште подобра во својата работа.

Импактот и придобивките се огромни. Пред се овај настан овозможува промоција на мојата работа, размена на искуства со моите колеги и секако на крај забава.

Да ги следат своите соништа, да веруваат во себе и вложуваат во своето образование. Соништата се остваруваат.

Секако разговаравме и со Наташа Грамосли. Убава дама, природна, позитивна, одговорна и автентична во секој поглед.

Ваквите настани се одлична можност за промовирање на општествената одговорност. Со здружување на учениците – млади дизајнери и ние- возрасните, создаваме средина за поддршка каде што секој може да учи и да расте. Овие настани не само што ја поттикнуваат креативноста и иновативноста, туку и нè поттикнуваат да размислуваме како можеме да направиме позитивна разлика во нашето општество. Поддршката која овие ентузијасти ќе ја добијат е ветер во грб за понатамошното трасирање на нивните кариерни и животни патеки. Ваква фузија на енергии и споделување искуства, несомнено не’ води кон поубава иднина сите нас.

Апсолутна чест е да се биде дел од овој настан. Не се работи само за носење креација, се работи за застапување на талентот и креативноста на овие наши деца. Тоа што можам да ја поддржам и покажам нивната работа ме исполнува со прекрасни емоции. Како мајка го имам природно инстиктот да бидам поддршка, а како деловна жена сосем ја разбирам потребата на секој што е на почетокот на работниот век, ги сфаќам дилемите и несигурностите на прагот на светот на возрасните и би сакала колку можам да допринесам за минимизирање на истите.

Битолчанки се познати низ историјата како дами со префинет вкус и обожавателки на модата. Не би рекла дека слепо следење на модни трендови е рецептот за добар и префинет изглед, но секако дека ова време изобилува со можности секоја жена за својот стил на облекување да си најде соодветно парче и да биде убава.
Што се однесува до тоа како треба да се однесува една вистинска дама, постојат некои безвременски квалитети кои често се поврзуваат со терминот “дама”, a вклучуваат љубезност,добри манири, доверба и почит кон себе и кон другите. Вистинската дама ја прифаќа својата индивидуалност, се однесува со другите достоинствено и се носи со сталоженост и интегритет. Таа ја разбира важноста на емпатијата и сочувството и се стреми да даде позитивен придонес за нејзината заедница. На крајот на краиштата, да се биде дама подразбира и храброст и пркос да се остане со гордо крената глава и кога животот не е баш нежен кон неа.

Настанот навистина беше потребен во однос на враќање на довербата во стручните училишта и текстилната насока. „Креативен ден“ е одлична можност каде ние како ученици можеме многу да научиме, а и да го почувствуваме тој вистински реален шарм. што кога моделите дефилираат на модната писта? што кога твоите скици ги гледаш во живо? Секако дека ќе продолжам да го работам ова и ќе ја насочам мојата кариера во овој правец.

Така го завршивме нашиот разговор кој навистина беше брзоплетен, искажан во еден здив. Иако би рекле дека на оваа тема може уште многу да се разговара.

ЗА ПОТСЕТУВАЊЕ „КРЕАТИВЕН ДЕН“ Е ИДЕЈА НА ПРОФЕСОРКИТЕ АНИТА СТЕФАНОВСКА, ЕМА ЌУКА И ЖИВКА ТАНУШЕВА ИЦАНОСКА ОД ТЕКСТИЛНАТА СТРУКА ВО СОУ „ТАКИ ДАСКАЛО” БИТОЛА И ВЕСНА БОЖИЛОВИЌ ОД ПРОДУКЦИЈАТА „БОЖИЛОВИЌ”. ,,PERWOLL RENEW”, СО ЗАДОВОЛСТВО СЕ ПРИКЛУЧИ НА ИДЕЈАТА. ВЕДНАШ ПОТОА И ДРУГИ БРЕНДОВИ КАКО ТРИТЕКС СО СВОЈОТ УНИКАТЕН ПРЕПОЗНАТЛИВ СЛОГАН „TRITEX UNDERWEAR-СИНОНИМ ЗА КВАЛИТЕТ“ ГО ПОДДРЖАА ОВОЈ ПРОЕКТ. СЕКАКО И „КРЕТИВЕН ДЕН“ СТРЕМИ КОН ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА СЕТО ОНА ШТО Е КВАЛИТЕТНОНА ТАЛЕНТОТ И УМЕТНОСТА ВО ФАНТАСТИЧНА СИМБИОЗА СО КУЛТУРАТА И МОДНИОТ ПУЛС НА ГРАДОТ.