„Да ја прославиме модата, љубовта и слободата заедно“ – Muamed Malikowsky, модниот дизајнер прославува во тоа име и ја потсеќа Битола дека ова е град на соништата

И доколку сите би биле полни со колоритни идеи, секогаш би недостасувале четки.. Четки за да го обоиме тоа наше животно платно. Ова не го кажувам како да не би требало да бидеме тие личности. Напротив. Што ако светот го гледаме позитивно? Што ако постојано имаме иницијатива за да направиме нешто забавно, нешто добро, слободно. И нешто што за миг ќе направи да се чувствуваме дека сме многу близу до тој париски шмек или италијанска страст. Токму со таква мисија e Muamed Malikowsky.

Имено, Muamed решава да ги следи соништата и баш така да зачекори во светот на боите, на екстравагантноста, на луксузот кој може да се направи од само најмала визија. Malikowsky го слави својот роденден, а токму овој нaстан одлучивме да се најде на нашиот интернет портал, затоа што заклучивме дека е брилијантна иницијатива да се слави во име на соништата. Секој заслужува роденден со посебен слоган, а неговиот е навистина брилијантно амбициозен, ослободен од било какви стеги што секако носи до една креативна фузија на емоции кои Muamed ги креира. „Да ја прославиме модата, љубовта и слободата заедно“. Вели неговиот слоган.

Имено Muamed е моден дизајнер и неговиот бренд е веќе добро познат на модната сцена во Mакедонија и пошироко. Во интервју за „Креативен ден“ веќе разговаравме со Muamed. Ја спознавме неговата аспирација и апетит кон креацијата и дизајнирањето и сме фасцинирани од неговиот пристап кон оваа уметност.

Muamed

Muamed докажува дека во нашиот град има многу убави луѓе, личности кои пулсираат во име на соништата и слободата.
Смело е да сонуваш, но уште смело е да си среќен додека сонуваш!

Дрес код – Во бело и сите се добредојдени!