1ви Мај Бонтон – Некогаш и сега

1ви Мај ден на трудот, на работникот и ден за на ливада! Али порано беше инаку..Хммм

Ќе не дуздисаја во најбатал тренерчина, ќе не пикнеа во некоја застава (фичо, пегле, стоедно, југо, а можи и лада ниво нешто). Ќе не натовареа, а таму секогаш… Ама секогаш копаше на ауспух, малку запотена мишка и на кромидо од в багажник! И на едно четириесет степенчиња си вриеше стиснат или в скут кај вујна ти, или кај мајка ти, кај тетка ти… Сите натоварени со летни столици и маси (пластични, на отварајне).

Скарата купена, алкохолот в багажник. И се крцори по пат дури се пејат некои нарочито патриотски песни. Изгорени за на ливада и со топката в раце, шо не трпевме. И кавги в кола помеѓу мајка ти и татко ти и паниката на мајка ти оти не знај дали го заборајла шпорето на тројка и оти фала Богу заборалја нешто ко на пример бермудите да ти ги земи. Или пак нешто толку големо ко на пример ракијата од Благоја комшијата. Ако шес литри со вас носите, секогаш на Благоја најуба била.

1ви Мај

И се тоарите на ливада. Вришти сонцето, пука скарата. Се постелва едно черџе. Мажите како седнуват на маса, така останват до вечер.

То ти иди како некое понашање – бонтон за 1ви Мај. Задолжително еден се замара на скара, жената прај сендвичина за децата и трча со пластиките. На крај е саклдисана и ништо не и се видело од дено, али не паничи толку ко овие новите оти не и е прв пат да трча и да се ребри за то како ќе си одат дома оти мажот му тутурутка се сторил. Сец дешава и да цркнат светлата или д зае… акумулаторот или не знам таму, али сите зангажирани со здружни сили туркат на угорница фичулето. Се слуша некоја „ју“ музика, или изречито ко шо рековме патриотска. Сите се сакат, а ти трчаш по ливадите. Те кини алергијата, ама никој рецка не ти мава. Киваш, се мрсулајш, ама ја осеќаш та слобода низ тие тревите, низ мирисот на полско цвеќе, мишка, ауспух и скара. Полн погодок.

1ви Мај

Мамичките со спејс шател одат во изнајмена викендица. Дрес кодот е фенси, од типот на експoнирани брендој каkо адидас, версаче, ти реков ми рече. Музиката е странска, а нај „онака лајт“ ти е техно. Децата се на ливада, ама неа ја гледат на екраните на паметните телефони оти овие современите родители на „парче рает“ се дојдени и го прославуват дено на трудо. (Иако двајцата не работат и живеат од пензиите на свекоро и свекрвата.)

Скарата негде е забранета и тој чоекO шо го има гено од тој татко му во „ју“ просторите шо уживаше во праење скара, сега е скрос уљандисан оти не можи да се пафта над плескајците.

Мамичките носат перуанска јаготка, авокадо, чија семе грчи јогурт, интегрален леб, масло од репка од Африка и ленено семе за во секој оброк по една кафена лажица.

1ви Мај

За децата се носи блокмакс, парацетамол, лоратадин, завој, риностоп, спреј за комарци, млеко за тело со 50ка фактор и никао помалце да не се исОнчало, бела блуза оти така помалце гори. Топката стои во ќошот и само та е потажна од овај „скараџијата“.

Се прај селфи едно 99 посто во текот на денот и се кука за работата. За системот, за политиката, за животот, изборите. Се прај муабет за психијатри, психолози и за то колку ни е погодена дијагнозата. Сите се среќни на слики, а сите се несреќни зад слики. Домаќинката кука со пластиките и се дери по мажот му. Тој ќути, а детето плачи оти не му го дават телефонот оти претерал. „Од 9 сабајле до 2 седиш ѓубре едно. Зошто те донесовме на ливада! “

Ама едно секогаш стои и никако не излегува од мода. Ракијата на Благоја со генерации шо се пренесва. Абе како можи да е толку уба жими се!