НУ Камерен Оркестар на Битола го најавува концертот Македонски Вруток кој претставува спој на минатото со сегашноста.
Македонски Вруток е концерт кој ги слави животите и делата на великаните на македонската музичка сцена. Властимир Николовски, Благој Цанев, Драган Шуплевски, Ристо Аврамовски, Кирил Македонски и многу други. Овој настан е посветен на нивниот неизмерен придонес. Придонес како дел од втората генерација на повоени македонски композитори кои играат критична улога во развојот и збогатувањето на македонското културно наследство, претставувајќи ги како стожери на музичката традиција. Со овој концерт, НУ Камерен Оркестар на Битола ќе води патување низ времето и просторот. Ќе стражува длабочини на македонскиот музички идентитет преку виртуозните дела на овие маестра. Нивната музика, која се одликува со уникатна способност да ги испреплете традиционалните мелодии со современите звуци, ќе оживее пред присутните. Ќе создаде едно незаборавно искуство.
Македонски Вруток преку сложените аранжмани и извонредните поетични мелодии ќе го откријат вистинското значење на македонската музика.
Од хорските хармонии кои го одразуваат духот на македонскиот народ до иновативните композиции кои ги премостуваат традицијата и модерното,
0Македонски Вруток е посвета на бескрајната креативност и пасијата која непрекинато ја плете македонската музичка ткаенина.
На овој концерт ќе се прославуваат великаните на македонската музика од втората генерација на повоени композитори. Нивните вечни мелодии да ќе го допрат срцето и душата на публикумот. Вечерта на Македонски Вруток е патека кон разбирање на длабоката врска меѓу минатото, сегашноста и иднината на македонската музичка уметност.
,,Македонски Вруток”0, ќе се одржи на 18ти Април 2024 во 20:00 часот во просториите на КИЦ Офицерски Дом, Битола.
0Повеќе детали за билетите следуваат во наредните денови. За повеќе информации за настаните на НУ Камерен Оркестар на Битола, следете ги нивните профили на Facebook и Instagram.
ПР Текст.