Атлетичарката Дарија Крстевска од АК ОЛИМП е златната девојка на Женската трка. Трката на 3 километри, која се одржа во Скопје овој викенд.
Таа застана на пиедесталот, освојувајќи го првото место во категорија до 18 години, а седмопласирана е во генералниот пласман со одлично време од 11:57.
Дарија е новата атлетска ѕвезда на АК Олимп. Со ваков старт на сезоната, најдоброто од неа, допрва доаѓа.