Џејми Оливер со нов ресторан во Белград

Jamie’s Italian на брегот на реката СаваЏејми Оливер со нов ресторан во Белград!

Jamie’s Italian – новиот ресторан на Џејми Оливер со прекрасна локација на брегот на реката Сава , претставува несекојдневно италијанско кулинарско искуство. Џејми Оливер ветува уживање во вистински вкусови на Италија.

Џејм Оливер со новиот ресторан во Белград го поздрави својот тим со објавата на Инстаграм. Менито на ресторанот нуди италијански специјалитети со цени кои варираат од 865 до 2 555 денари за пица. Цените на главното јадење се движат од 975 до 2 725 динари. Jamie’s Italian има и десерти од кои најскапиот е „Амалфи Чизкејк“ за 765 динари. Работното време е секој ден од 11 часот до полноќ.

Популарната локација на ресторанот не е случајност. Таа е хармонија на културите. Ресторанот на Џејми со 400 квадратни метри внатрешен простор и 250 квадратни метри тераса, промовира италијански вкусовои споени со српската традиција. Концептот на Оливер за свежи и одржливи состојки со робусни вкусови ветува нова ера за гурманството во Белград. Вкусови на храна кои се добро дефинирани, интензивни, доминантни и полнокрвни ќе го задоволат сетилното искуство и ќе создадат неодолива желба за повеќе.

Џејми Оливер

Кујната на Џејми Оливер секогаш  има нешто интересно што ќе ги заинтригира гостите. Ова место дефинитивно ќе го трансформира оброкот во гурманско искуство за сите сетила. Можеби вашата следна гурманска авантура ќе започне на овој речен брег на Сава во Белград во ресторанот на Џејми Оливер.!