Кујната започнува од визија. Замислете го оброкот, потоа визуеизирајте ја постапката, и вкусете го оброкот пред да биде готов. Чувствувајте ја храната со сите сетила и направете го овој момент свечен, волшебен, маестрално гурмнаско доживување.
Пробајте го овој рецепт за сочно и вкусно печено пилешко месо полнетио со сланина, како уште една мераклиска инспирација за ручек.
Ова задоволство ќе ве задржи во кујната 90 минути, а за вистинските гурмани и кулинарски виртуози, ова е вистински миг во кој ќе уживаат. Турете си вино, пуштете музика, создадете уште една гастрономска приказна.
Состојки:
– пилешко
– сол
За фил: 3 лажици сончогледово масло, 1 главица кромид, 30 гр сланина, 3 кришки пченичен леб, 200 мл млеко, 2 јајца, магдонос, сол, свежо мелен бибер.
Постапка:
Ок, започнуваме. Засукавете ракави и…Ова ќе биде искуство за паметење!
Измијте го пилешкото, нежно одвојте ја кожата од месото. Втријте го со сол внатре и надвор. Исечете го на коцки и прелијте го со ладно млеко. Исечкајте ги кромидот, сланината и магдоносот.
Кромидот со сланина пропржете го на врело масло и додека е врел прелијте го врз исцедениот леб. Додадете јајца, магдонос, сол, бибер и добро измешајте. Со ова наполнете го пилешкото, а отворот затворете го со стапче за ражнич.
Ставете го во плех, прелијте го со врело масло и печете го околу 1 час на 200°C. Додека се пече прелијте со сокот во кој се пече пилешкото и со топла вода да остане сочно. Послужете со печени компири или зелен кромид. И секако многу насмевка и љубов која започнува од храната!