„Хамлет-Денот на убиствата“ – Нова премиера на Народен Театар Битола

„Хамлет-Денот на убиствата“ e новата претстава на Народен Театар Битола која ќе ја доживее својата премиера на 01.03.2024.

Имено околу претставата се вели дека е инспирирана од делото на Шекспир, но не е негова адаптација или коментар. Во претставата се разгледуваат моралните и духовните сегменти  на Хамлетовата ситуација, каде секој избор води кон смрт.

Текстот на Бернар-Мари Колтес е напишан во ритмична проза со јазик што потсетува на Шекспировиот, но со недоречености  и метафорични енигми. Претставатa се одвива на историски неодредено место и во ограничено време  со основни елементи од Шекспировото дело, но со отворено развивање на драмата и движечки мотиви.

Квартетот од клучните ликови (Хамлет-Никола Стефанов, Клаудиј-Иван Јерчиќ, Гертруда-Валентина Грамосли, Офелија-Викторија Степановска Јанкуловска) се изложени на стуација на метафизичка стапица, каде секој го губи животот во една ноќ.

Текстот и интерпретацијата на претставата имаат за цел да ги поттикнат креативноста и чувството за убаво кај гледачот.

Режисер и автор на музиката: Марјан Неќак

Драматург: Оливера Павловиќ

Сценограф: Валентин Светозарев

Костимограф: Андреј Ѓоргиевски

Дизајнер на видео: Сашо Илковски

Светло-мајстор:

Тон-мајстор: Александар Димовски

Автори на плакатот: Марјан Некаќ и Сашо Илковски

Консултант за билијард: Игор Радичоски

Играат:

Хамлет – Никола Стефанов

Клаудиј – Иван Јерчиќ

Гертруда – Валентина Грамосли

Офелија – Викторија Степановска Јанкуловска

Видео проекции: Владимир Переловски, Филип Ошавков

Суфлер: Мирјана Христовска

Инспициент: Димитар Михајловски

Во претставата се употребени фрагменти од аријата „Nessun Dorma“ од операта „Турандот“ на Ѓакомо Пучини и фрагмент од песната „What was I made for“ од Били Елиш; стихови од Вилијам Шекспир, Оскар Вајлд, Рајнер Марија Рилке, Емили Дикинсон, Борис Пастернак.