Највисокиот човек во историјата – Роберт Вoдлоу

Највисокиот човек во историјата, Роберт Вoдлоу со висина од скоро три метри, има неверојатна животна приказна. Неговиот необичен раст почнал од „мали нозе“. Роберт Вoдлоу, на само пет години веќе носел облека за 17есет годишник. Во раната возраст му била дијагностицирана преактивна хипофиза, што го предизвикало овој абнормален раст.

највисокиот човек во историјата

Кога бил дете, сакал да кампува и бил член на извидниците. Замислете! Неговиот шатор и вреќата за спиење биле направени специјално, по негова мерка. Роберт Вoдлоу, на свои 13 години, морал да внесува пет пати повеќе калории од неговите врсници. Кога наполнил 19 години, достигнал висина од 2,6 метри и во таа година, 1937,  бил прогласе за највисок човек на светот.

Висината на неговата фигура му донела популарност, па така заработувал од  јавни и радио настапи. Познат како „нежниот џин“,  тој нежно се смеел на забелешките и погледите кон него.

За жал, животот на највисокиот човек во историјата. Роберт Вoдлоу, завршил прерано на 22 – годишна возраст, поради инфекција на ногата. На последното заминување, неговиот ковчег го носеле 18ет луѓе. Бил погребан во родниот Алтон, во американскаѕа држава, Илиноис. Неговата необична висина и приказната за неговиот живот, остануваат во паметта на луѓето.