Се вели дека вашите омилени цвеќиња ги откриваат вашите скриени квалитети. Интересна аналогија меѓу омиленото цвеќе и вашите квалитети што ви дава можност за размислување во насока на процветување како личности.
Ако орхидејата е вашето омилено цвеќе…
Вие сте мистериозни и умешни во смисла на креативност и авантуризам. Оттука, можеме да заклучиме дека љубителите на орхидеи ја прифаќаат животната авантура со страст и умешност. Во морето на цвеќиња, орхидејата го открива оној кој има смелост за истражување на нови области во животот.
Љубителите на рози
Оние кои обожаваат рози, се опишуваат како вистински романтичари и љубители на убавината, природата и луѓето.
Оние кои ја обожаваат хортензијата
За овие личнoсти, се вели дека најмногу уживаат во летото. Би рекле, нивниот зштитен знак е „интензивна, социјална активност и одмор под врелината на сонцето.
Магнолија
Луѓето што ја обожаваат магнолијата, често доаѓаат од богати и интелектуални средини. Се карактеризираат со посебна елеганција и стил на живот.
За оние чии омилени цвеќиња се нарцисите, несебични се, затворени и ранливи.
Нивниот ум е длабок, аналитичен и внимателен.
Навивачите на ирис
Се одликуваат со достоинство и позитивна енергија. Подготвени се секогаш и секаде да пружаат поддршка.
Ако сте од оние кој го сакате јоргованот, тогаш сакате антиквитети и романтична облека. И уште, доминира чувството за истакнување, како самиот цвет на јоргованот.
Калатa ја сакаат тие што се естети, љубители на убавиот ентериер и луксуз како начин на живот.
Оние пак што го обожаваат мирисот, бојата и формата на каранфилчето се безвременски со суптилен талент за филозофија. Сакаат да филозофираат и одново фасцинираат со својот талент.
Љубителите на лалињата имаат богат и разновиден живот. За нив терминот „досада“ е непознат.
Тие што сакаат цвеќе како крин, независни се и горди во своите врски.
Не знам за вас, ама авторот направи еден голем букет од сите овие цвеќиња. Не издвои ниту едно, засебно. Веројатно станува збор за некаков микс од сите овие карактеристики!