„Валентајн“ или „Трифун“? – Кој ќе биди добитен?

Ајде сега на сета омраза, лицемерие, неверства, швалерај на велико и ниски удари, да се испуфкаме и сакаме барем еден ден во животО! „Валентајн“ или „Трифун“?

Жените едвај го чекаат овој момент, нарочито оние малите чупиња, тиктокерките, инфлуенсерките… Оние кои за прв пат имАт долга врска и конечно дочекале ноќ на св. Валентин. Возбуди на сите страни и телефонО на „рец“ цела ноќ!

И иако светО е суров и на кај сиво мава (во нијанси ако ја гледаш работата), и иако вестите бомбардират, системО се распаѓа, арката совреме се спрема, денес мора да биди црвено бел со мечиња, зајчиња, срциња.

Сепак, за некои е бизнис и шоу и „неко меџу нама није наш“, па си прај чакати на сметка на „љубовта“. Ко ќе видиш, од стално љубовта била бизнис. Уше на старт батецо Шекспир со брато Ромео и Јулето невестата, напрајл бизнис, ама ај… Вечер и утре ќе клокоти на интернет и овие инфлуенсеркиве, ќе се сликат во извонредни тоалети, црвени гашти, беспрекорна шминка и „спонзорирана“ вечер со најскапио шампањ. Се разбира спонзорството од некој ресторан шо го рекламират на инста.

И иако веќе се градат хотели на месечина, ние уште се думаме дали Трифун или Валентајн и шо било појако. Оние кои велат оти Трифун е појак, не знат ни за шо е, ама едно е јасно, ќе ја врзат глата НОГУ. Ако славиш св. Трифун, зихер си сингл или во „врска – безврска“. Или пак те мачи нешто, па како и секој ден, така и вечерава ќе посегниш по пијачето. Али денес демек со повод. И не оти овие со мечињата нема да ја врзат глата, ама добитни се.

П. С. А можи некој и св. Ѓурѓовден ќе си слави…