Откриена нова супер – земја: Нов член во космичкото соседство
Нова супер земја е откриена во космичкото соседство. Одлична вест за астрономската заедница. Егзопланетата TOI-715 b е три пати поголема од Земјата. Новата супер земја е оддалечена е од нас „само“ 137 светлосни години. Се наоѓа во потенцијално населлив регион околу својата ѕвезда.
Ова откритие ги возбудува астрономите бидејќи планетата е во т.н. конзервативна зона за населување, каде може да постои течна вода.
Секако дека тоа е клучно за животот како што го познаваме. Иако планетата е помала од нејзината ѕвезда , тоа не смета од причина што ова може да биде најмалатата потенцијално населлива планета откриена досега.
Нова супер земја, TOI 715 b е откриена со телескопот за пребарување на егзопланети ТЕСС и има потенцијал да биде истражена со помош на телескопот-Џејмс Веб. Би можеле да дознаеме повеќе за нејзината атмосфера и можности за живот.
Но, важно е да се запомни дека терминот „супер земја“ се однесува само на големината на планетата, а не на нејзината структура и состав.
Во секој случај ова откритие за новата супер Земја, ќе го натера нашиот свет да се праша: „Дали можеме да започнеме да се пакуваме за преселба? Ќе мораме да научиме како да правиме пастрмајлија во нула гравитација?! Или пак ќе си земеме со нас во ова ново светско патување откако ќе преминеме „само“ 137 светлосни години! Многу биле, уште малку останале.