Сочна царска пита – Брза, евтина, а „стварно“ царска!

солена пита

извор

Љубовта доаѓа од храната. Моќта кон кулинарскиот пристап, самата подготовка и автентичниот потпис кој може да го изразите врз чиниите е нешто кое може да ве направи апсолутно среќни. Затоа што среќата е во малите нешта. Најдете ја во уште едно гурманско искуство кое ќе го направите сами и пробајте го овој рецепт за сочна царска пита – Брза, евтина, а „стварно“ царска!

СОСТОЈКИ:

– 4 јајца

– 300 гр свежо сирење

– 180 гр кисело млеко

– 150 мл масло

– 150 гр обично брашно

– 100 гр пченкарно брашно

-1 прашок за пециво

– 150 гр шунка

-кисели краставички

– 2 црвени пиперки

-сол

Подготовка:

Одделете ги белките од жолчките. Изматете ја белката да се стегне, па додадете ги жолчката, киселото млеко, сирењето и маслото, па се добро промешајте.

И брашното, пченкарното брашно, солта и прашокот за печиво измешајте ги убаво, па додајте ги во влажните состојки создавајќи хомогена смеса.

Краставиците, шунката и биберот исечкајте ги на коцки и додајте ги во смесата.

Плехот подмачкајте го со масло и посипете го со брашно, па прелијте ја смесата. Печете ја питата на 180 степени околу половина час или додека не порумени.

Пријатен апетит!