Цело наследство од милиони им го препишала на домашните миленици – Дали оваа милионерка заборавила на своите деца?
Една жена од Кина решила да ги остави нејзините милиони во наследство на своите миленици – кучиња и мачки. Имињата на нејзините родени деца биле надвор од тестаментот и надвор од цифрите со многу нули.
Госпоѓа Лу, го промени тестаментот не само поради финансиската нестабилност на нејзините деца, туку и поради недостатокот на грижа и внимание во моментите на болка и немоќ.
Ова несекојдневно наследство предизвика дискусии и двоумења.
Сега се шират различни перспективи на социјалните мрежи. Во исто време, се подигнуваат прашалници за врската помеѓу родителите и децата во модерното општество.
Се отвора едно големо прашање: Дали е возможно, врската помеѓу луѓето и домашните миленици да биде посилна од семејната?
Според оваа приказна, возможно е!