Доколку ја уредувате градината, наш предлог е т.н Зен-јапонска градина која може да се најде во вашиот двор или балкон.
Оваа градина се претпоставува дека носи неверојатно спокојство и благосостојба во животната средина, смиреност и опуштеносот. Се верува дека ќе ви помогне да го вратите физичкиот, емотивниот и менталниот баланс.
Неутралните бои како теракота и беж, удобноста и едноставните форми и минимализмот, се нешто кое треба да биде приоритет на листа кога купувате градинарски мебел и се одлучувате за ваков стил. Но, за да дадете свежина на целиот амбиент, додадете зелени растенија и саксии и создадете мала оаза.
Концептот на оваа градина е едноставен. Таа е секогаш тивка, зрачи со спокој, не го оптеретува внатрешниот монолог на човекот и би рекле, не го „мачи“ разговорот. Цвеќиња, минијатурни дрвца, природни камчиња и неизбежните мини фонтани и лампиони се оние задолжителни декоративни градинарски ,,аксесоари” кои го освежуваат умот и ги прочистуваат чувствата.
Еден познат јапонски дизајнер на градина Sen-no Rikyuu рекол: „ 60% е функција, а 40 % дизајн.“